Поговорки за кафето

Кафето треба да биде темно како ноќта, жешко како пеколот и слатко како жена -бразилска поговорка.

"Кафето треба да биде темно како пекол, јако како смрт и слатко како љубов - турска поговорка.

Кафето е црно, но ти го обелува образот - јужно албанска поговорка


Добрата комуникација е стимулирачка исто како и еден филџан темно кафе, и после е толку тешко да се спие
- цитат: Ане Моров Линдберг (американска писателка и пионер во женската авијација во почетокот на минатиот век; 1906 - 2001

Кафето и љубовта се подобри кога се топли - германска поговорка

Покрај секоја успешна жена стои одредена количина испиено кафе - цитат Стефани Пиро.

Мажот треба да е како кафето, жежок, сладок и силен – цитат Марелин Дач

Временска прогноза според филџанот на кафето: Ако меурчињата на кафето се соберат во центарот на филџанот, очекувајте добро време. Кога филџанот оставен во близина на ѕидот, креира прстени, очекувајте дожд. Ако меурчињата се шират на површината без некоја одредена форма или формација, очекувајте променливо време. " - (извор интернет).