ЗА НАС

Гала е италијанска - домашна инвестиција основана во 2005 година во Тетово и делува како успешен бизнис на локалниот и на регионалниот пазар. Како фабрика за печење, пакување и за дистрибуција на кафе, со неколкугодишна традиција во оваа индустрија Гала Кафе ви нуди Кафе Еспресо со различни вкусови и пакувања.

Квалитетот на производите на Гала Кафе се базира на употребата на Италијанскиот стил на печење на кафето и употребата на светски квалитетни зрна кои се внимателно одбрани печени, мешани и пакетирани во квалитетна амбалажа во која се чува аромата, вкусот и свежината. Нашата цел е да ви обезбедиме инспирација со нашето кафе и веруваме дека нема ништо подобро од топол филџан Гала Еспресо.

Мисија

Нашата мисија е фокусирање во дополнувањето на потребите, вкусовите и желбите на потрошувачите, повикувајќи се на квалитетот, искуството на човечките ресурси, примената на најсовремена технологија и постојна иновација на нашиот асортиман на производи.

Визија

Гала Кафе има визија да биде познат бренд во земјава и во Европа од потрошувачите и од пошироката јавност , давајќи сè од себе за да нуди квалитет и вредност за да биде неизбежен дел од секоја маса.