Одржување на опремата и апаратот

За да се добивање пијалаци со врвен квалитет особено е важно првичното подесување на опремата ( мелница - перфектна регулација на мелењето; апаратот на еспресото -притисокот, температурата и циркулацијата на водата) и постојното одржување на апаратот од корисникот во согласност со правилата за користење.

На корисниците на нашето кафе им нудиме одржување и сервисирање на апаратот за кафе. За да ви одговориме навремено на сите итни барања, на располагање е нашиот тим на сервисери, но секако доколку е потребно и замена на апаратот.

Координацијата на трите основни елементи: квалитетот на суровината- кафето, технологијата- апаратот но и водата како еден витален фактор на процесот на формирање на финалниот производ - еспресото, резултира со долговечност на апаратот за кафето, ретки дефекти, квалитетен пијалак (кафе), со тоа и задоволство од потрошувачите.

За оваа причина, заедно со понудените производи Гала Кафе нудиме и омекнувач на вода кој се употребува за подобрување на квалитетот на водата.