ЛЕГЕНДАТА НА КАФЕТО

Има многу верзии за историјата и за потеклото на кафето. Како и секогаш кога се работи за легендите така и легендата за кафето претрпела многу трансформации. Легендите секако дека се поимагинарни од историските податоци, без разлика колку контрадикторни се податоците, тие често зависат од местото од каде потекнуваат. Затоа ние се стремиме да ги прифатиме и да ги споделиме со вас. Ви претставуваме две од нив. Прво таа која е често објавувана и можеби најпозната и која ние ја прифаќаме како наша. Но ќе оставиме на вас да изберете која ќе ви биде најомилена.

Kahlid Abyssinian
Kahlid Abyssinian

Легендата според нашето слободно толкување е напишана од европските писатели во 17. век.

Најпопуларната легенда не води во дамнешна Абисинија, денешната Етиопија во раните 850 г. (9. век) кога абисинскиот овчар Калид од племето Гала го чувал неговото стадо кози. Така уморен одејќи по стадото цело утро, одлучил да одмори , да легне под сенка и да се сокрие од топлото попладневно сонце. Со едно око го гледал стадото кози. Истото го повторувал секој ден. Тој забележал дека стадото кози секој ден изгледало поактивно кога било близу до една грмушка со црвени зрна и со светло зелени лисја која за него не била позната. Тој разбрал дека виталноста на козите доаѓа од зрната што ги јадат.

Palestinian women grinding coffee_beans
Palestinian women grinding coffee_beans

Така, и тој одлучил да ги проба необичните зрна, но бил изненаден кога забележал дека и на него му се враќа силата откако ги јадел црвените зрна. Штом дошол во селото одлучил ова невообичаено искуство да го сподели со свештениците во селото. Нивната реакција за жал не била како што очекувал Калид. Главниот свештеник за разлика од Калид кажал дека зрната собираат мрачни ѓаволски сили и така мала количина од црвените зрна ги фрлил во оган. Во собата веднаш се проширила прекрасната арома, арома која го привлекла вниманието на сите присутни а која била непозната дотогаш.

 

Ethiopia
Map: Ethiopia

Свештеникот побарал да се тргнат зрната од огнот, со цел да ги истражуваат и неговиот помошник ги ставил во вода за да се оладат побрзо. Додека топлите зрна се оладиле, водата добила боја и свештеникот не можел да одолее без да ја проба водата со толку прекрасна арома. Новата пијачка била толку вкусна и ефективна и поради тој ја прогласил за волшебна. Оттогаш, свештениците редовно ја користеле за долгите молитви. Кафето се роди! Пијачката многу брзо се прошири низ цел свет и така пристигна и кај нас, на наше големо задоволство.

Друга легенда, малку пократка за кафето, вели дека арапот со име Омер бил прогонет во пустина со своите пријатели за да умира од глад, жед и од безмилосното пустинско сонце. Омер готвел за неговите пријатели се што можел да најде во природата, вклучувајќи ги плодовите од непознатото овошје, кое подоцна било наречено „Мока“, според најблискиот град Mochi. Напитокот ги одржувал во живот овие прогонети лица а нивниот опстанок се толкува како знак на Божјата волја. Новиот пијалак го именуваа „quahwa“, што буквално значи „она што ве држи будни“.